ЦУК: Вкупно 1.851 повици за итни случаи
Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи изминатото деноноќие имало вкупно 1.851 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 34,85 отсто, додека 65,15 проценти биле евидентирани како „неитни повици“, односно биле за други потреби на граѓаните.
Покрај овие повици, како што велат од ЦУК, примарно се постапува и по тие што се за комбинирано решавање, а не само за ангажман на една служба, односно институција.
-Според распределбата согласно природата на настаните, случаите, кон Полиција биле упатени 43,96 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 38,16 проценти, кон пожарникарите биле упатени 3,83 отсто, а кон АМСМ 0,97 проценти. Кон Центарот за управување со кризи имало 13,53 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 65,15 проценти, „неитни повици“ (вкупно 1.234) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, се наведува во соопштението од ЦУК.
Оттаму посочуваат дека зголемениот број повици за итни случаи на 112 во ЦУК, од вообичаениот просек што важеше дури и кога имаше многу пожари, се должи на повеќето индивидуални јавувања после снежното невреме и нагло заладување во викендот што помина.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода