-->
-->
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-->
Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор на Скопје, спроти Владата. За ова било алармирано со телефонски повик на единствениот број 112 до Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека веднаш ја контактирале Општина Центар
„Од Општина Центар по нашето јавување веднаш е излезено на терен, по што повратно сме известени дека опасното место е обезбедено, заградено и е видно обележано, за што испратија и фотографија од местото“, информираат од ЦУК.
Проблемот со отстранување на опасните блокови од терасата што можат да паднат во секој момент, ќе се решава во наредните денови, велат од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот