Македонија
21. July 2024 - 11:38

ЦУК: Пожарот зад армиското стрелиште Пенуш се движи кон Брегалница

Пожарот што се разви вчера далеку зад армиското стрелиште Пенуш кај Штип, како крак на големиот пожар на Серта, полека се движи во насока кон Брегалница, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Ќе се обидеме да го сопреме на тампонираниот пат кој се протега околу полигонот Криволак од штипската страна.  Гори пред се трева, грмушки и жбунести ниски смреки, стои во објавата од ЦУК.