ЦУК: Потрагата по женско лице кое се фрлило во Вардар продолжува до вливот на Бабуна
ЦУК информира дека неговиот велешки регионален центар за управување со кризи од вчера по полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар. Утрото потрагата продолжила, при што севклучени шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес.
-Синоќа, на лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од тројца пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од велешкото СВР. ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со велешкото СВР и велешката ТППЕ има добиено информации дека телото сè уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), информираат од ЦУК.
Утринава во потрагата се вклучиле шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес.
-Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар сè уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата, известуваат од ЦУК.
Ново на Сител
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Кај матичен лекар изјава за органодонорство по смртта – измените на законот на ЕНЕР
-

Се повеќе пензионери, се помалку работници – Ревизорите предупредуваат пензинскиот систем е неодржлив
-

МНР го проверува скандалот со амбасадорот Колев во Москва
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
