ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера попладне биле најдени шест скијачи кои се изгубиле поради магла на Попова Шапка.
Според нивната информација, шест скијачи со скии-лифт се искачиле на повисоките делови од една од скијачката патека, но кога се обиделе да се спуштат надолу паднало многу густа магла.
Воедно се соочиле со нов снег што го отежнало движењето надолу по ски-патеката.
- Скијачите се јавиле за помош на 112. Од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лице вработено на ски-лифт пронашло пет (5) од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот го пронашло и шестото изгубено лице. Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, информираат од ЦУК.
Сите скијачи потоа безбедно се вратиле во нивните домови.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот