Македонија
14. јуни 2024 - 9:15

ЦУК: Ослободено мечето кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови.

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил во Националниот Парк Маврово и МВР.

Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот.

Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.

Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума, известија од ЦУК.