-->
-->
ЦУК: На 195 да се пријави само потреба од проценка на безбедност, а не на штета
-->

– Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на бројот 195 да се пријавуваат само потреби од проценка на безбедност на објектот, а не за проценка на штета за обесштетување, по серијата земјотреси во изминатите два дена во Скопје и околината.
– Бројот 195 е во функција на граѓаните за да се пријават потреба од проценка на безбедност на објектот, негова функционалност, како и дали е безбеден за престој, соопшти денеска ЦУК.
Апелира до граѓаните кои не можат да добијат слободна линија на бесплатниот телефонски број за итни повици 195 да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на rcukskopje195@cuk.gov.mk. и mail@cuk.gov.mk.
Од ЦУК истакнуваат дека екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) заедно со претставници од скопските општини, денеска и во наредните денови ќе направат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени оштетувања за проценка на безбедност на објектот.
На бесплатната телефонска линија 195 од завчера се регистрирани 500 јавувања за пријава на штети на објекти во серијата земјотреси. Пријавите во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорци, паднати плафони, оштетени возила….
Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .
Скопје и околината во изминатите два дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер. Последните два последни последователни земјотреса се регистрирани синоќа во 19:53 часот, со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала.
Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
