ЦУК: Можно зголемување на водостојот на реките во западниот дел на земјава
Центарот за управување со кризи попладнево предупредува на можно зголемување на водостојот на реките особено во западниот дел на земјава.
Од ЦУК информираат дека водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот на денот.
-Во доцните вечерни часови и за време на претстојната ноќ се очекуваат нови врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата каде се прогнозираат количини на врнежи од 15 до 20 литри на квадратен метар. Земјата полека се заситува со влага од претходните врнежи изминативе денови така што можна е реакција на реките во западниот дел на земјата и извесно зголемување на нивниот водостојот, велат од ЦУК.
Зголемување на водостојот доцна во ноќта и утре изутрина, како што се наведува во соопштението, може да има на реката Треска, на Црна Река, на водотеците од горниот дел од сливот на река Вардар, како и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава.
Според прогнозите, како што се наведува во соопштението, можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава).
Од ЦУК велат дека се можни пообилни врнежи во делови од градските средини, како Тетово и западниот дел на Скопје, а во источниот дел на земјата во текот на денешниот ден не се очекуваат поголеми зголемувања на водостоите.
Центарот за управување со кризи со предупредување до граѓаните за внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на вечерните часови и ноќта.
Ново на Сител
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
-
Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година
-
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во Куманово
-
Собранието ќе добие ново лого
-
Домот на Фатмир Битиќи мета на крадци, украден сеф со злато, пари и рачни часовници
-
Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија