ЦУК: Извлечени двете лица кои со квадрицикл паднаа во провалија на Караџица
Двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вилата „Принц“ на Караџица, се извлечени во стабилна состојба со веројатни скршеници и се предадени на две екипи на Итната медицински помош кои се упатија кон медицинските центри во Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Претходно, ЦУК соопшти дека на бројот 112 добиле повик за помош од две лица кои со квадрицикл излетале од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, по селото Алдинци во близина на вила „Принц“.
За настанот биле известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Како што информираа тогаш, на местото на несреќата веќе била пристигната екипа на Итната медицинска помош, но поради непристапноста на теренот се чекал тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот