ЦУК: Изминатото деноноќие 2 153 повици, три пожари на отворено
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека последното деноноќие имало три пожари на отворен простор во Тетовско и Скопско, и сите биле изгаснати.
Изминатите 24 часа имало вкупно 2 153 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 62,98 отсто, а 37,02 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици, кон Полиција биле упатени 60,31 отсто, кон Итната медицинска помош 31,83 отсто, а кон пожарникарите 3,73 отсто.
РЦУК Битола информира дека во атарот на село Брод, Битола, е пронајдена една стара опасна артилериска граната со калибар 75 mm од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од ДЗС Битола, вчера во 10:30 часот за понатамошна постапка за безбедно складирање и уништување.
ЦУК исоопшти дека од денеска ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат „А2“ – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица на „Макпетрол“ и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање, заради што една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.
Ново на Сител
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан