ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
Центарот за управување со кризи информира дека гостите од хотелот „Радика“ во Маврово, кои беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
-Од последниот контакт во 20 часот со дежурниот во ПС Маврово добиена е информација дека возило на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта вози напред, а по него се гостите од хотелот со своите возила. Возат бавно, но ќе успеат да стигнат до конечните дестинации, информираат утрово од ЦУК.
Екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта во текот на денот вршеле сечење на паднатите дрвја на делницата до хотелот.
На терен имало и машина за чистење снег, која ги расчистувала снежните наноси на овој потег.
Според Центарот за управување со кризи, висината на снежната покривка на овој дел е околу 80 сантиметри.
Од ЦУК информираат дека поради врнежите од дожд, состојбата во поголемиот дел од Северозападниот Регион е стабилна и сообраќајот се одвива нормално, а снабдувањето со електрична енергија е редовно.
Ново на Сител
-
Кралот Чарлс, наводно, го поканил својот брат, принцот Ендрју, на Божиќниот семеен собир
-
Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко
-
Премиерот Мицкоски на работна вечера со Кошта и останатите лидери од Западниот Балкан
-
Вучиќ: Бидете сигурни, во Србија нема да се случи „македонско сценарио“
-
Фатен 30 годишен струмичанец кој избегал од штипскиот затвор
-
Замисли“ и земи кредит до 60.000 денари со 0 проценти камата и без трошоци
-
28 годишен Албанец неуспешно бегал од полиција, во возилото пронајдени 12 мигранти
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер