-->
-->
ЦУК: Два активни пожара - по еден во општините Кичево и Гостивар
-->
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара.
- Конкретно, тие се во општина Кичево - кај селото Ново Село, каде што гори шума и во општината Гостивар - кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“, тука гори борова шума и мешана шума, се наведува во соопштението на ЦУК.
-->
-->
-->