Црвениот ѓон на популарните чевли на Кристијан Лобутин настанал сосема случајно
Поради небесно високите потпетици и препознатливиот секси црвен ѓон, чевлите на Кристијан Лобутин станаа најпосакувани чевли на сите времиња. Ѓонот на неговите чевли е црвен од 1993 година, а како инспирација на Лобутин му послужил лакот за нокти.
Кристијан Лобутин почнал да скицира чевли како тинејџер, а првата работа ја добил во едно кабаре како костимограф. Модните критичари сметаат дека тоа е причина за неговата опсесија за високи потпетици.
Лобутин дизајнирал чевли за познати брендови како Шанел, Ив Сент Лорен и Мод Фризон, а првиот салон го отворил во 1991 година. Иако неговите чевли биле многу популарни, Лобутин ѓоновите ги обоил во црвена боја дури во 1993 година. На идејата дошол случајно, откако го видел црвениот лак за нокти на својата асистентка. Обоил црни ѓонови за да види каков ќе биде резултатот, а потоа одлучил сите чевли да ги подвлече со црвена боја.
Останатото е историја.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица