Македонија
14. September 2024 - 16:32

Црвен Крст Охрид го одбележи светскиот ден на првата помош

Тимовите на прва помош и ова лето со полни раце работа. Најголем број на укажувања помош имале на културно збавните и спортски настани .Споредбено со изминатите години оваа сезона тие реагирале на повеќе места .На плажите имало 1140 интервенции ,а на бројните концерти и спортски манифестации кои беа масовно посетени од бројните гости сезонава  околу 500  што значи преку 1700 интервенции.

Од Црвениот крст од Охрид посочуваат дека од големо значење е секој човек да знае да преземе брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.

 Секоја година на милиони луѓе им е нанесена повреда или им е одземен животот поради несоодветен одговор или недостаток на навремено укажана прва помош. Инаку денеска Црвениот крст од Охрид се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на првата помош кој годинава е на тема „Прва помош и спортски активности-подготви се и укажи помош“.