Цртежи и слики од Мухамед Али, продадени за речиси милион долари
– Ретка колекција цртежи, скици и слики од боксерскиот шампион Мухамед Али, беше продадена на аукција за речиси милион американски долари. Според Би-би-си, на наддавањето во „Бонам’с“ биле понудени 26 уметнички дела.
Едно од најочекуваните дела, „Бодам како пчела“, се продаде за 425.000 долари, што е 10 пати повеќе од проценката пред продажбата, според њујоршката аукциска куќа.
Мухамед Али важи за еден од најголемите американски спортисти, активисти и поети, но неговите уметнички дарби се помалку познати. Тој, според наводите, цел живот сликал со поддршка на неговиот татко, кој бил професионален уметник.
– Мухамед Али беше културна икона што дефинираше цела една генерација. Неговите уметнички дела ги прикажуваат оние теми што се нему блиски – боксот, граѓанските права, религијата, светскиот мир и хуманитарната работа, рече директорката на одделот за поп-култура во „Бонам’с“, Хелен Хол.
Делата беа ставени на аукција од колекционерот и пријател на Али – Родни Хилтон Браун, кој рече дека Али ги нацртал своите први три слики по борбата во Бостон, 1977 година. Вкупната вредност на сликите достигна 945.524 долари.
Ново на Сител
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина
-
Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок