-->
-->
Црногорците го сменија Брновиќ
-->

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора (ФСЦГ) на редовната седница реши да не ја продолжи соработката со селекторот Бранко Брновиќ.
„Извршниот одбор донесе одлука да не ја продолжи соработката со досегашниот селектор на А репрезентацијата Бранко Брновиќ. Извршниот одбор на ФСЦГ му се заблагодарува на селекторот на професионалноста, залагањето и резултатите кои ги оствари за време на заедничката соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, се наведува во соопштението на ФСЦГ.
Брновиќ стана селектор на Црна Гора во 2011 година, откако ФСЦГ го отпушти Златко Крањчар. Во својот мандат Брновиќ не успеа да ја однесе Црна Гора на ЕП во 2012, СП во 2014 и ЕП во 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
