Црна Гора: Уништени 60,4 тони оружје и муниција

Дирекцијата за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора уништи 60,4 тони неексплодирани боеви средства од различен профил, собрани во текот на 2018 и 2019 година.
„На овој начин Црна Гора покажа дека, преку безбедно уништување на неексплодирани убоити средства, ги почитува барањата на струката од оваа област и го штити здравјето на граѓаните и животната средина. Исто така, преку уништување на значителна количина на неексплодираниубоити средства, се потврдува дека постојат технички и професионални капацитети што можат да одговорат на толку сложена и тешка задача“, соопшти црногорското Министерството за внатрешни работи.
Вредноста на извршените работи е околу 700.000 евра.
„Финансиската поддршка од меѓународните партнери исто така укажува на доверба во потенцијалите и напорите што Црна Гора ги презема за унапредување на оваа важна област“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
