Црна Гора со одговор за Трамп: Ние придонесуваме за мирот
- Владата на Црна Гора, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека е горда на својата традиција и мирнодопска политика и оти Црна Гора придонесува за мирот и стабилноста во Европа и во целиот свет. Официјална Подгорица истакна и дека пријателството и сојузништвото со САД се силни и трајни.
Во соопштението објавено на црногорски и англиски јазик, се наведува дека црногорската Влада се одлучлила за реакција по барање на бројните домашни и странски медиуми во врска со вчерашната изјава на Трамп, кој рече дека Црногорците се агресивен народ и може да предизвикаат Трета светска војна.
Владата во Подгорица посочува дека Црна Гора е „држава која прва во Европа пружи отпор на фашизмот и денес како нова членка на НАТО и кандидат за ЕУ придонесува за мирот и стабилноста не само на европскиот контитент, туку и ширум светот, заедно со американските војници во Авганистан“.
Владата посочи дека Црна Гора е горда на мирнодопската политика која ја доведе до стабилизирачка држава во регионот и единствена држава во која не се војувало при распаѓањето на поранешна Југославија.
Во соопштението се наведува и дека е тоа земја која примила 120.000 „несреќни луѓе и семејства“.
„Ние градиме пријателства, а ниту едно не сме изгубиле, воедно способни храбро и одлучно да се браниме и да ги одбраниме сопствените национални интереси“, се наведува во соопштението, во кое уште се вели дека во денешниот свет, полн предизвици, не е важно колку сте големи или мали, туку во која мера ги негувате вредностите како што се слобода, солидарност и демократија.
Американскиот претседател вчера оцени дека е „многу нефер САД да ги штити членките од НАТО кои не плаќаат“, повторувајќи дека државите треба да ги плаќаат трошоците за нивната заштита.
- Црна Гора е мала држава со многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе, можат да станат агресивни и тогаш, честитам, ние сме во Трета светска војна. Меѓутоа, тоа е начинот на кој (НАТО) функционира, изјави вчера Трамп.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228