Црна Гора се надева да стане земја членка на ЕУ за време на овој мандат на ЕК
Црна Гора денеска ја одржа втората меѓувладина конференција со ЕУ според новата преговарачка методологија на ЕУ. Подгорица се надева на брзо полноправно членство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова го изјави денеска црногорскиот министер за економија, Јаков Милатовиќ, кој ја предводеше црногорската делегација на денешната меѓувладина конференција со ЕУ. Милатовиќ изјави дека новата е црногорска Влада “е првата навистина проевропска влада” во оваа земја.
-Се надевам дека Црна Гора ќе стане членка на ЕУ уште за време на овој мандат на Европската комисија, рече вечерва во Брисел црногорскиот министер.
Мандатот на сегашната Комисија трае до 2024.
На меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Црна Гора денеска главна тема било владеењето на правото.
Еврокомесарот за проширување ја пофали владата во Подгорица за нејзината реформска заложба.
-Владеењето на правото е фокусот кој ќе го одреди целокупниот ритам на преговорите, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји, додавајќи дека оваа област ќе биде приоритет пред да се премине на следната етапа, а тоа е привременото затворање на поглавјата. Денеска, рече Вархеји, дадена и е насока на Црна Гора за оваа цел.
Европската комисија ги повика сите чинители во Црна Гора, власта, парламентот, судството, да ја реализираат заложбата.
Сепак ЕУ предупреди дека на Црна Гора и претстои уште работа во поглавјата 23 и 24 посветени на правдата и владеењето на правото.
-Би ги издвоил медиумската слобода и слободата на изразување, има детаљна агенда што треба да се исполни, а има важни точки, и судството за кое ни е потребно законодавство и дела за назначувањата, разбираме дека не е само до владата, дека парламентот треба да даде поддршка, треба владата да стави реформи на маса во целосна согласност со правото на ЕУ, изјави Вархеји.
Ново на Сител
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино
-
Коцевски: Досега нема ниту еден доказ дека било побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија
-
Полицијата во контроли на угостителски објекти ноќеска во Битола затекнала 20 малолетници, следуваат пријави
-
Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија
-
Русија тврди дека соборила 13 украински дронови
-
Велика Британија ја презеде контролата врз фабриката за челик „Бритиш Стил“
-
Обвинителството и МВР ќе информираат за проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“