-->
-->
Црна Гора последна контрола за избраниците на Брестовац
-->

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Словенија ќе ја има „генералката“ пред настапот на ЕП во Австрија. Противник на нашата селекција е репрезентацијата на Црна Гора. Двете селекции во претходните два дена одиграа контролни натпревари со Словенија. Македонија во петокот загуби со 33:28 (кога се повреди Велко Маркоски), додека Црна Гора вчера убедливо загуби од Словенија со 37:22.
На дуелот со Словенија селекторот Данило Брестовац не сметаше на капитенот Кирил лазаров, кој пак се очекува денеска да одигра во еден дел од натпреварот.
По повредата на Маркоски, Брестовац не повика нов играч и се надева дека „големиот борец“ Велко Маркоски сепак ќе биде подготвен за настап на ЕП.
Вечерашниот дуел со Црна Гора почнува во 19:30 часот.
Македонија на ЕП ќе игра во групата Б во Виена. Првиот натпревар нашите ракометари го играат на 10.јануари (петок) против Украина, на 12.јануари (недела) противник ни е Чешка, а на 14.јануари противник ни е ко-домаќинот Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
