Црна Гора обвини руски државјани за поттикнување убиство на Ѓукановиќ
Црна Гора го обвини рускиот државјанин Едуард Широков за планирање убиство на поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ „преку поттикнување“, јави ТАСС.
Како што соопшти црногорскиот специјален обвинител Вељко Ратовиќ, рускиот државјанин е обвинет за создавање криминална организација и за обид за извршување терористички акт.
- Доколку Руската Федерација не ни ги предаде своите државјани Едуард Широков и Владимир Попов, тогаш ние ќе ги судиме во отсуство, посочи обвинителот.
Претходно. Специјалното јавно обвинителство на Црна Гора соопшти дека објавило меѓународната потерница по двајцата руски државјани и тројца Срби под сомнеж за „создавање криминална организација и за тероризам“.
Црногорските медиуми јавуваат дека по двајцата руски државјани - Едуард Широков и Владимир Попов - се трага преку Интерпол под обвиненија за подготовка на државен преврат на денот на парламентарните избори во Џрна Гора, што се одржаа на 16 октомври.
На 6 ноември главниот специјален јавен обвинител на Црна Гора, Миливој Катниќ, изјави дека група граѓани на Србија, Црна Гора и Русија на 16 октомври се обиделе да извршат терористички напад. Според него, организатори на оваа група се руските националисти, кои сметале дека власта на чело со премиерот Мило Ѓукановиќ, не може да се смени преку избори, туку треба да се урне со сила.
На денот на парламентарните избори во Црна Гора беа уапсени 20 државјани на Србија под сомнеж дека подготвувале терористички напади.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена