Црна Гора: Бошњаците и Албанците го поддржаа Ѓукановиќ во трката за нов претседателски мандат
Бошњачката партија (БС), Демократската унија на Албанците (ДУА) и Демократската партија (ДП) ќе го поддржат актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на претседателските избори закажани за в недела, објавија подгоричките медиуми.
Според ЦДМ, властите на БС одлучиле да го поддржат Ѓукановиќ на претстојните избори, а според „Вијести“, истата одлука донеле и двете албански партии, ДУА и ДП.
Претседателските избори во Црна Гора се одржуваат в недела во многу вжештена атмосфера поради тешката повеќемесечна институционална и политичка криза.
Во претседателската трка учествуваат седум кандидати, а доколку ниту еден од нив не добие повеќе од 50 отсто поддршка, вториот изборен круг ќе се одржи на 2 април.
Претседателски кандидати се актуелниот претседател и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ, претседателот на Демократите, Алекса Бечиќ, претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, заменик-претседателот на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, пратеничката на СДП, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, лидерот на Обединета Црна Гора, Горан Даниловиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Лила Филиповска
-
Се чека одлука за притворот на Груби и Бајрами
-
Промени и иновации за подобар регионален развој
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков