Црн ден за Македонија: Живот згасна под удар на воз

Во железничка несреќа вчера загинал 44-годишниот З.А. од демиркапиското село Прждево, кој управувал „рено канго“ со неготински регистарски ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила околу 18 часот помеѓу патничкото возило и патнички воз на Македонски железници бр.634, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, управуван од машиновозачот Р.С., на дел од отворена пруга помеѓу железничките станици во село Дуброво и Демир Капија, на 500 метри од станицата Дуброво на вториот влезен сигнал на патниот премин.
З.А. од добиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата Сообраќајот бил во прекин на тој дел од пругата до 23.10 часот. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица-Неготино.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
