Црковно-народен собор во делчевско Габрово по повод Митровден
Црквата во изградба во делчевското село Габрово, посветена на Свети Димитрија, по повод денешниот верски празник Митровден, собра стотици верници на голем црковно-народен собор во ова делчевско село, каде доаѓаат верници од сите краеви на Делчево.
Архитектот во пензија Ѓорѓи Јанковски, кој потекнува од Габрово и кој во 2005 година ја проектирал црквата и ги обезбедил сите потребни документи за нејзина изградба, изјави дека црквата во селото се гради 11 години со помош на донации од верници, а најголеми донатори се иселениците во Швајцарија.
-Ова е прва црква во селото кое некогаш било населено со турско население. Ние ја градиме црквата 11 години и денеска сме пресреќни што црквата е при крај со изградбата. Деновиве ќе завршиме со фасадата, по што планираме да ја обелиме и внатре. Ни останува напролет да ја доизградиме камбанаријата и партерно да го доуредиме дворот, па се надеваме дека ќе собериме средства и за иконостастот, рече Јанковски.
Тој истакна дека досега иселениците од Габрово во Швајцарија донирале околу 10 илјади евра.
- Само оваа година нашите луѓе кои се на работа во Швајцарија донираа 6.000 евра. Тие се договорија секоја година на 31 јули да организираат иселенички средби, каде ќе се собираат донации за доизградба на црквата. Оваа црква е наша гордост, иако оди бавно изградбата, сепак, ние сите средства кои се собираат од нас од селото и од сите верници, ги наменуваме за потребите на црквата, посочи Јанковски.
По повод денешниот празник, Црковниот одбор организира и ручек за верниците што се подготвува од 16 овци, а верниците доаѓаат со погачи за здравје.
За свештеникот Димитар Темелков, оваа трпеза е трпеза на љубовта која ги обединува луѓето од селото во една заедница, едно спојување како христијани.
- Нашиот народ од тој аспект ја сочувал верата и големата љубов на ова село и желбата да се изгради храм кој ќе биде достапен на овој народ. Ние правиме напори што побрзо да го изградиме и да црквуваме во него. Св. Димитрија е еден од поголемите поборници и маченици за верата Христова, рече Темелков.
Меѓу поголемите есенски празници поврзани со домашни служби спаѓа и денешниот празник Митровден што се празнува во спомен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец. Овој празник претставува и меѓник меѓу летниот и зимскиот период од годината.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти