-->
-->
Црковно-државна делегација присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим
-->
Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим.
-Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме Христовото опело, пишува на сајтот на Тетовско-гостиварска епархија.
На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговата светост патријархот Ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија. На богослужбата присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф кој со благослов и одлука на САС на МПЦ-ОА ја предводи црковната делегација.

Државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим“ во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврокомесарката за проширување изрази загриженост поради немирите во српскиот парламент
-
Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“
-
Картално здружување на 10 осигурителни компании, случајот го коментираше и премиерот Мицкоски
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција
-
Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков
-
Сообраќајна несреќа на патот Скопје - Тетово, едно лице се здобило со тешки телесни повреди
-
При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола