Comodita Home започна со донација на душеци во вредност од над 100.000 евра

Со донацијата на Детска Клиника Козле, Comodita Home ја започнува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000 евра!
Comodita Home е на пазарот на Македонија од 2019 година, а наскоро го отвораме дваесеттиот продажен салон. Посебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Home, е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот.
Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни лаборатории, знаеме колку е важен добриот сон и дека тоа го заслужува секој од нас. Лицата со здравствени проблеми, возрасните граѓани, дечињата без родители, лица од социјално загрозените категории, но и сите останати, заслужуваат поддршка во остварување на нивните соништа, и секако убав и спокоен одмор. Токму под слоганот „Секој сон е важен“, Comodita Home ќе помага секаде каде што сме потребни.

„Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. Во план ни е да донираме над 1500 душеци во Детска клиника Козле, Кардиологија, Ковид центри низ МК, Геријатрија, СОС детско село, а оваа наша донација е со финансиска вредност од над 100 000 евра. Во соработка со Општините директно ќе ги помагаме и најзагрозените семејства. Донациите ќе се одвиваат на две недели, а по оваа денешна донација, ја најавувам како веќе потврдена и донацијата на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Со овој наш потег се радуваме дека ќе помогнеме на нашите сограѓани, а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности. “-истакна на конференцијата за печат Харитон Гаџоски.


Comodita Home
Ново на Сител
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
