Цивил: Прегласувањето во Чаир мирно и навремено
Набљудувачите на Цивил констатирале мирен и навремен почеток на прегласувањето на вториот круг од Локалните избори на избирачкото место 2901 во СОУ „Иднина“ во Чаир.
Како што соопштуваат од Цивил, до 9 часот гласале 24 гласачи.
Во вториот круг локални избори на ова избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за градоначалници Зеќирија Ибрахими и Висар Ганиу беше 66 гласа предност за Ибрахими.
По одбиениот приговор на Беса за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.
Од Цивил посочуваат дека граѓаните и сите засегнати страни кои имаат информации за изборни нерегуларности можат да ги пријават на телефонските броеви 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138 и онлајн
формуларот www.slobodniizbori.info.
Ново на Сител
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД