-->
-->
„City tree“ во Скопје
-->

НВО Екосвест и Германската амбасада денеска во Скопје ќе го промовираат проектот за клима и заштита на климатските промени „City tree“ и ќе му ги предадат на градот зелените билборди - прочистувачи на воздух.
„CityTree“ е вертикална структура од специфични видови мов со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон, и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.
На настанот е предвидено обраќање на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и на Ана Чоловиќ Лешоска од НВО Екосвест.
Овој проект беше овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, со што се финансира кампањата за подигнување на свесноста, а набавката на двата билборда, за Скопје и Тетово, ја овозможија Пакомак, Енерџи деливери солушнс, Еколог, Везешари, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Де Мед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
