Ципрас: Загубивме битка, но пред нас е критична војна
Изборниот резултат беше под нашите очекувања, не само за нас туку и за илјадниците прогресивни и демократски граѓани во земјата, загубивме една битка, но пред нас е критичната војна, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање на состанокот на Централниот и Изборниот комитет на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.
Во говорот Ципрас неколку пати повтори дека тие ја примиле пораката од граѓаните изразена на европските избори, а доказ за тоа е дека вчера, како што рече, „не одбраа да си свиркаат пред резултатот“, туку наместо да го исцрпи четиригодишниот мандат да ги забрза парламентарните избори.
– Не ја игнорираме пораката од вчерашните европски избори, пораката ја примивме. Ја примивме пораката од граѓаните кои гласаа за нас, но вчера преферираа да не излезат на гласање, на тој начин изразувајќи го нивното незадоволство. Ја примивме пораката на разочараност на илјадници гласачи на СИРИЗА кои секако не се приклучија кон Нова демократија, но вчера одбраа некоја од помалите демократски партии. Ја примивме пораката на замор на општеството по осум години меморандуми, рече грчкиот премиер коментирајќи го вчерашниот пораз.
Ципрас додаде дека „сите знаеме дека една е дилемата за европските избори, а друга е дилемата на националните избори“ и рече дека „традиционално европските избори, уште од 1981 се избори кои во исто време се можност за граѓаните да го изразат нивното незадоволство“.
Ново на Сител
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
-
Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство