Балкан
3. March 2016 - 13:46

Ципрас телефонски разговарал со Давутоглу

Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со неговиот турски колега, Ахмет Давутоглу, соопшти денеска кабиентот на Ципрас.

Според соопштението, дискусијата била фокусирана на намалување и управување со приливот на бегалци, на самитот ЕУ и Турција што ќе се одржи на 7 март во Брисел, како и на 4. седница на Високиот Совет за соработка на Грција и Турција која ќе се одржи на 8 март во Измир.