Ципрас телефонски ги информираше лидерите на политичките партии за текот на преговорите
Грчкиот премиер Алексис Ципрас на лидерите на грчките политички партии во телефонскиот брифинг им ја повторил владината позиција за сложено име за севкупна употреба, уставна ревизија и спроведување на истата како предуслов за интеграција во меѓународните организации, соопштуваат од неговиот кабинет.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на името, Ципрас ги известил претседателите на партиите дека владата не оди кон поспецифични дискусии, доколку прво не се исполнети предусловите.
- Го потенцираше неопходниот предуслов за уставна ревизија кај соседот, што ќе елиминира секаков вид на иредентизам, но и потребата за спроведување на уставната ревизија како основен предуслов за интеграција во меѓународните организации. Премиерот ги извести политичките лидери во врска со името, дека позицијата на владата е да не оди кон поспецифични дискусии, доколку прво не се исполнети горенаведените предуслови, соопштуваат од кабинетот на Ципрас во однос на телефонските разговори со лидерите, без да има дополнителни детали со кого разговарал и каков одговор добил од неговите соговорници.
Како што утрово објави МИА, од грчката опозициска Нова демократија, соопштија дека лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис и вчера имал телефонски разговор со Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Со Таравари ќе разговараме за можната соработка, СДСМ денеска ќе одржи седница на ИК
-
Протести во Франција поради најавената пензиска реформа
-
Стоилковски: Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДСМ
-
Неделава студено, од четврток умерени врнежи претежно од снег
-
Ковачевски: Работиме да нема зголемување на цената на струјата, во некои сегменти може да има намалување
-
Бразилскиот претседател Лула е подготвен да посредува меѓу Русија и Украина, нема да испраќа тенковска муниција во Киев
-
Продолжува потрагата по пилотот на грчкиот воен авион што се урна вчера
-
Морето исфрли угинат кит на брегот кај Њујорк