Ципрас: Резултатите од Самитот во Брисел се чекор напред

Мислам дека резултатите од Самитот можат да се опишат само како чекор напред, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по Самитот ЕУ-Турција во Брисел посветен на бегалската криза, нагласувајќи ја потребата „да се направат повеќе чекори напред, затоа што сликите од Идомени се трагични“.
- Ако функционерите не се трогнати од овие слики и ако некои веруваат дека проблемот не се однесува на европската цивилизација и на иднината на ЕУ, тогаш тие не се во право и ќе има огромно влијание врз ЕУ, рече тој.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот премиер изрази задоволство од промената на климата на Самитот на ЕУ и од фактот дека „дискусијата била поставена на добра основа“.
- Дискусијата беше фокусирана на изнаоѓање решение за значително намалување на приливот на бегалци од Турција, во соработка со Турција, истакна тој, додавајќи дека Анкара претставила некои „примамливи предлози“ со што изненадила многумина.
Ципрас сепак истакна дека овие предлози вклучувале неколку клучни детали кои треба да се разработат.
Тој додаде дека Самитот ќе продолжи денеска во Измир, каде што ќе се одржи „историски состанок“ за ажурирање на договорот меѓу Грција и Турција за реадмисија, со што Анкара ќе ги прифаќа сите мигранти кои имаат право на меѓународна заштита.
- Овој договор може да биде првиот чекор за борба против трговците со луѓе, истакна Ципрас.
Тој исто така оцени дека следниот Самит на ЕУ на 17 и 18 март ќе биде критичен и ја истакна важноста за взаемно почитување на потребите.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
