-->
-->
Ципрас преку Твитер ги повика граѓаните да излезат на гласање
-->

И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот, напиша рано утрово грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговиот официјаен Твитер профил, кусо откако беа отворени гласачките места во Грција , јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на СИРИЗА, ги повика граѓаните, денеска, масовно, да излезат на гласање.
Денес битката ја водиме од првата до последната минута. Со оптимизам и решителност. Гласачките кутии се празни и сите можности се отворени. Одлуката на секој и на секоја е она што ќе го одреди резултатот. Ќе го одреди текот на нашата земја во следните четири години, но и нашите животи. Никој да не биде отсутен. И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот, напиша Ципрас на „Твитер“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
