Ципрас: Мицотакис да заземе став за позицијата на Самарас за Договорот од Преспа
Не може некој во еден момент да зборува за предавнички договор, потоа да кажува дека ќе го почитува или сега да бара да се повлече како што вели Самарас, затоа, господинот Мицотакис мора да заземе јасен став, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, коментирајќи ги изнесените позиции на поранешниот премиер на Грција Андонис Самарас кој рече дека политичкото прашање е како Грција најлесно да се ослободи од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас во завршното обраќање на централниот комитет за обнова на СИРИЗА, рече дека станува збор за став на поранешен премиер и „човек кој и сега има многу големо влијание на пратеничката група на Нова демократија“ и коментираше дека Мицотакис мора да заземе став бидејќи е прашање кое не се однесува на внатрешно-партиските прашања, туку „за клучните теми што се однесуваат на кредибилитетот на земјата, во клучните национални прашања, мора да заземе јасна позиција“.
-Може ли тој самиот и неговата влада да го гарантираат овој договор? Го почитува овој договор, како што рече госпоѓа Бакојани, и ќе се придржува до него или Грција ќе треба се откаже затоа што не оди напред, како што побара господинот Самарас? Бидејќи ако Нова демократија, а главно владата, не разјасни дека може да го гарантира спроведување на Договорот од Преспа, тогаш остава широк отворен прозорец за дестабилизација, не само на регионот, што веќе постои, источно и југоисточно, туку и на северот на земјата. И тоа е голема национална одговорност, вели Ципрас.
Поранешниот грчки премиер уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа е еден од најголемите успеси на претходната влада и дека за СИРИЗА е патриотски договор што дава можност за стабилизација на регионот.
Ново на Сител
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол