Ципрас: Грција прв пат толку решително се обидува да го реши спорот за името
Грција по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемено прифатливо решение за прашањето за името со гаранции дека ќе има конечно решение, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас на прес-конференцијата во премиерската палата, рече дека со Јункер не разговарале само за економијата туку и за регионалните и меѓународните случувања, но и за Западен Балкан.
Говорејќи за улогата на Грција во ЕУ и регионот, грчкиот премиер рече дека земјата покажа во последните години дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради нејзината меѓународна и регионална улога како сила на мир, стабилност и безбедност.
Грција, според Ципрас, ова го покажала преку справувањето со бегалскиот проблем и провокациите од Турција во Егејското море, со обидите за решавање на кипарското прашање, со градењето иницијативи во регионот за европската перспектива на Западен Балкан, но и со напорите за решавање на спорот со името.
- Ова го покажуваме обидувајќи се, по прв пат, на толку решителен начин да најдеме заемно прифатливо решение во прашањето со името на поранешната југословенска Република Македонија со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение, рече грчкиот премиер.
Претседателот на Европската комисија се задржа на економијата во кусата изјава на прес-конференцијата, велејќи дека е топло и многу се поти и остави она што има да го каже, да го каже во обраќањето во грчкиот Парламент.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден