Ципрас: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата новогодишна порака до Грците изрази убеденост дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас во обраќањето до граѓаните рече дека 2019 ќе биде година на големо надградување на меѓународниот углед и меѓународната улога на Грција, на европско и меѓународно ниво, „како сила на стабилност, мир и соработка во поширокиот дестабилизиран регион“.
-Во овој обид, важен чекор е Договорот од Преспа, кој ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, затворајќи еден непродуктивен 30-годишен циклус на неактивност, што многу ја чинеше нашата татковина. Со ратификацијата на договорот, Грција конечно го заштитува големото културно наследство и грчкиот карактер на Античката Македонија, и во исто време ја обезбедува својата водечка улога во поширокиот регион на Балканот, рече грчкиот премиер во неговото обраќање до граѓаните.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани