-->
-->
Ципрас до Мицотакис: Сега е добар Договорот од Преспа?
-->

Алексис Ципрас, во делот од неговото обраќање, посветен на надворешната политика се осврна на Договорот од Преспа, ги спомена јавно изразените позиции на министерот за одбрана и алтернативниот министер за надворешни работи за време на нивното учество на конференцијата на „Економист“ и го праша Мицотакис, дали сега е добар договорот.
-Господине Мицотакис, една и пол година, Вие и вашите членови бевте протагонисти во протестите за македонското прашање. Ги прифативте радикалните кои беа на протестите и многу пати го даваа ритамот на овие протести. Многу од вашите членови не нарекуваа предавници. Некои од пратениците на СИРИЗА најдоа насилници пред нивните домови, со бомби молотов, министерот за надворешни работи најде десетици заканувачки пораки со куршуми, а вие бевте предводник во критиката за предавнички договор. Сега е добар Договорот од Преспа? Ова го вели новиот министер за одбрана новиот и министерот за европски прашања, рече Ципрас, нешто што беше поздравено со аплауз од пратениците на СИРИЗА.
Поранешниот грчки премиер истакна дека многу поважно од тоа што го велат министрите од владата е она што Мицотакис ѝ го кажал на Тереза Меј во телефонскиот разговор.
-Според известувањето објавено од Лондон по вашиот телефонски разговор со британската премиерка, излезе соопштение во кое ја поздравува вашата заложба за целосно почитување на договореното во Преспанскиот договор иако Вие одбравте конкретниот дел да го цензурирате преку Атинската новинска агенција, која патем е под ваша одговорност. Го демантирате ова? Зошто го цензуриравте? Зошто го скривте? Тоа е fake news од Downing street?, праша Ципрас и му порача на Мицотакис дека „хипокризијата во политиката се плаќа“ и во иднина ќе се соочи со она што го направил и кажал за Договорот од Преспа.
Лидерот на СИРИЗА во неговиот говор ги коментираше приоритетите на грчката влада и програмата претставена од Мицотакис, спомена каква била ситуацијата во Грција, особено финансиски, кога тие дојдоа на власт во 2015, а каква е сега, додека пак на почетокот од обраќањето рече дека по 10 години парламентот се свикува во момент кога „земјата ја врати економската сувереност“ и „без присуство на неонацистите од Златна зора“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50
-
Приведени двајца малолетници, фатени при кражба од црква
-
Најголемиот камен од Марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога