Ципрас до Јункер: Прашање на кредибилитетот на ЕУ е почеток на пристапни преговори со Северна Македонија
Прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ е да одлучи за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, му рекол поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА.
– Алексис Ципрас го постави и прашањето со Северна Македонија, истакнувајќи дека е прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ, на самитот да одлучи за почеток на пристапни преговори. Според извори од СИРИЗА, Жан Клод Јункер му се заблагодари на Алексис Ципрас за нивната конструктивна соработка и позитивната работа на неговата влада, истакнувајќи дека придонесе одлучувачки за стабилноста на еврозоната и за надградба на улогата на ЕУ на Западен Балкан, особено со Договорот од Преспа, објави грчката новинска агенција.
Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, преку Твитер соопшти дека и Договорот од Преспа и европската перспектива биле дел од темите за кои разговарал со претседателот на ЕК, jави дописничката на МИА од Атина.
– Разговаравме за важноста на Договорот од Преспа, за улогата на ЕУ на Балканот и потребата да се одлучи почеток на пристапни преговори, напиша Ципрас на Твитер по средбата со Јункер.
Санкциите за Турција за активностите во Ексклузивната економска зона на Кипар, операцијата во Сирија и бегалското прашање биле останатите теми за кои разговарале Ципрас и Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом