ЦИК на Албанија го продолжи рокот за пријавување за парламентарните избори
Албанската Централна изборна комисија, го продолжи рокот за пријавување на политичките субјекти и коалиции за учество на парламентарните избори, закажани за 18 јуни.
Законскиот рок за тоа измина на 19 април, а сега партиите може да го пријават учеството до 29 април.
За сега свои листи на кандидати за 140-те места во законодавниот дом доставиле Социјалистичката партија на Еди Рама, Движењето за социјалистичка интеграцја на Илир Мета, Партијата за правда, интеграција и единство на Шпетим Идризи, како и неколку помали политички парти меѓу кои и единствената партија на Македонците МАЕИ на Едмонд Темелко.
Учество на изборите пријави и Земјоделската партија, која пак побара од Комисијата да биде избришана, но законски тоа барање нема важност и таа останува во регистарот за учество на изборите.
Во периодот од 29 април во 5 мај, ЦИК,ќе изврши верификација на кандидатите, што го бараат новите законски одредби.
Дрилона Хоџа, портпаролка на ЦИК изјави дека „нема да има друго продолжување на рокот за пријавување“.
- Во ЦИК до сега нема пријава за учество на изборите на ниту една опозициска партија, додава Хоџа, но според Изборниот законик „има простор со кој се дава можност партиите да влезат на избори се додека не почнало печатењето на гласачките ливиња“.
Ново на Сител
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери
-
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни
-
Фидан: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж
-
Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација
-
Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам
-
Обвинети во притворен центар во Русија зеде двајца полицајци како заложници
-
Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит