ЦИА и МИТ: Можни терористички напади на ИД во Турција
Турција е вознемирена по добиените предупредувања од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и турската разузнавачка служба МИТ за можни терористички напади на џихадистите од Исламска држава (ИД), изјави американски претставник во Анкара.
Како што објави турскиот весник „Хуриет“, според податоци на ЦИА и на МИТ, борци на ИД планирале напади вез американски претставништва во Турција, меѓу кои Амбасадата, конзулатите, резиденции и воени бази.
Според разузнавачките служби, петмина борци на ИД продреле на територијата на Турција.
- ЦИА ја предупреди Анкара дека самоубијции од ИД и тројца Палестинци поврзани со соборувањето на рускиот патничкии авион на Синајски Полуосторв, подготвуваат напади врз руски туристи, објави весникот „Хабертурк“.
Турското Министерство за внатрешни работи испратило циркуларно писмо до сите полициски станици да бидат внимателни поради евентуални напади.
Турската новинска агенција Анадолија истакна дека во последните три години Турција уапсила 2.627 членови на ИД, меѓу кои 837 странци.
Се проценува дека терористите од ИД стојат зад нападите во југоисточниот турски град Суруч во јули и во Анкара во октомври, при што загинаа над 100 луѓе.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати