Чувајте монети, вртоглаво им расте цената
Две монети издадени од Федералните резерви со номинална вредност пониска од долар поради нивната необичност на аукција се продадоа за неверојатни половина милион долари. Секако, не станува збор за вообичаени парички, туку за ретки кованици кои токму поради тоа имаат висока колекционерска вредност.
Едната монета е искована далечната 1792 година и е позната како Бирш паричка поради остатокот од гравурата на нејзиниот ковач. Сопственикот кој долго време ја има во свој посед не бил свесен за нејзината потенцијална вредност па ја продал за само 75 долари и пропуштил шанса да се збогати.
Втората монета е со ликот на претседателот Абрахам Линколн и датира од 1943 година. Таа не е толку стара, но е посебна бидејќи е искована во погрешен метал. За време на Втората светска војна во САД било забрането да се користат одредени метали наменети исклучиво за армијата, па така монетата наместо во цинк е искована во бронза.
Затоа доколку имате стари парички, особено од времето на Југославија или постари добро проверете дали имаат некаква специфичност која би им била од значење на колекционерите, па можеби ќе ја продадете за добри пари.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже