Чулев: За 2 години 4 милиони евра од МВР исплатени за тужби од свои вработени
Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, на денешната прес-конференција обелодени дека откако ги добил соодветните податоци од службите за фискалните импликации по буџетот на МВР утврдил дека низ 2018 и 2019 вкупно 4 милиони евра од ресорот се исплатени за судски постапки по тужби од вработени.
Станува збор за сума која им била исплатена како оштета на полициски службеници кои го тужеле МВР за неисплатени часови, за решенија за распоредувања и откази.
- Одговорен за овој хаос е Оливер Спасовски. Илјадници професионалци се деградирани. Институција е заглавена во административни процедури наместо да се бори со криминалот. Апелирам до професионалците дека заврши времето на делење на решенија и откази по партиски притисок, рече Чулев.
Тој додаде дека неговиот претходник Спасовски во 12 часот на полноќ на 3 јануари делел решенија за распоредување и унапредување непосредно пред да замине.
- 1.750 решенија биле издадени во овој период. Комисијата што ја формирав констатирала дека повеќе од 100 решенија биле незаконски. Покрај тоа, користел наредба, а таа е за итни и неодложни работи во траење од 30 дена. Тоа е злоупотребено.Сега имаме сутуација на исто работно место да има двајца колеги со две решенија, односно немало упразнето место кое треба да се пополни, рече меѓудругото Чулев.
Непревземените службеници од УБК, од која произлезе Агенцијата за национална безбедност, чиј број е повеќе од 130 лица, не се распоредени се уште на соодветни работни места. Примале плата од УБК како веќе непостоечки правен субјект, а сега се изготвени решенија за нивно распоредување во МВР, дополни Чулев..
Ново на Сител
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
