Македонија
2. April 2020 - 12:27

Чулев: Станува збор за лицата С.А и П.Р. и истите се лишени од слобода

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.