Чулев: Приведени се 192 лица, кои излегле по 21 часот
Мерката за ограничување на движењето не ја почитувале 502 граѓани, од кои 459 лица од 18-67. Во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката. Поради непочитување на мерката приведени се 192 лица, од кои 14 до 18 години, а 37 граѓани се приведени во изминати 24 часа. Опоменати се 136 лица, а во останати случаи се преземаат дополнителни мерки, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција.
– До јавното обвинителство поднесени се 123 кривични пријави и 12 известувања со кои се опфатени 150 сторители. За мерките за самоизолација и изолација издадени се 1620 решенија за изолација од кои 90 за 24 часа 90 решенија. Во последни 24 часа нема непочитување на оваа мерка. Потпишани се 9025 изјави за почитување на самоизолацијата – рече Чулев.
Вчера со хуманитерен превоз од Малме и Загреб пристигнати се 290 патници, а денеска очекуваме патници од Љубљана. Над 2000 граѓани се во државен карантин.
Генерална оценка е дека мерките на владата се почитуваат од граѓаните, рече Чулев.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите