Чулев предлага ограничувањето од 19 до 05 часот да важи и за време на викендите

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев смета дека мерките за ограничување на движењето може да се релаксираат. Неговиот предлог е движењето да биде ограничено од 19 до 05 часот и тоа да важи и за време на викендите. Постарите лица би се движеле од 05 до 12 часот, а младите од 13 до 19 часот.
„Мерката за забрана за движење е воведена на 22 март и веќе поминати се 30 дена. Претходниот викенд имаше најдолго ограничување на движењето од 85 часа и како МВР работи кое секојдневно е присутно на терен можевме да утврдиме дека има зголемено негативно влијание врз социјалната состојба кај граѓаните, се чувствува тензија. Истовремено и совеста кај граѓаните во однос на личната заштита е на многу повисоко ниво. Така што тргнувајќи од овие два аспекти, а и од тоа дека нема некое драматично зголемување на бројот на заразените, сметам дека ограничувањето на движење треба да биде од 19 до 05 часот и тоа да важи и за викендите“, вели Чулев.
Најави дека ќе предложи укинување на забраната за движење по шуми и паркови, но притоа да се носи заштитна опрема.
„Јас сум да се носи заштитна опрема, но за сметка на тоа да се релаксира ограничувањето на движењето. Нормално да се почитува и препораката за држење на растојание од два метра“, вели Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев.
Ново на Сител
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
-

Најнова технологија за косините кај Ботун
-

Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
-

На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром
