Чулев: Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до 10 дена
За една недела се очекуваат да пристигнат пасошите од Германија, согласно комуникацијата на Министерството за внатрешни работи со фирмата Веридос која ги изработува. Ова го најави министерот Наќе Чулев кој денеска беше во посета на СВР Тетово.
-Согласно договорот пасошите треба да стигнат на 24 март. Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите и од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март, истакна Чулев.
Треба да бидат испорачани 100 илјади пасоши.
– Ќе бидат задоволени сите потреби. Како МВР уште сега имаме план за зголемен број извршители во издавање и изработка на пасошите. Согласно со капацитетите на Министерството што значат производство на патни исправи, дневните можности се до три илјади пасоши така што со оглед дека има побарувачка од 27 до 28 илјади пасоши сите потреби би се задоволиле до 10 дена, истакна министерот.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори