Земјоделците од Македонска Каменица добија картички за зелена нафта
Земјоделците од Македонска Каменица ги добија картичките за зелена нафта. Како што информираше раководителот на подрачната единица за земјоделие, Илија Каранфиловски, со мерката најмногу средства ќе добијат стопанствениците на овошни насади, вкупно 2800 денари по хектар.
-Тоа значи дека овоштарите или земјоделските стопанства за еден хектар овошен насад ќе добијат 45 литри нафта, за еден хектар градинарските култури следуваат 2.250 денари, додека 1.120 денари или 18 литри нафта се наменети за еден хектар посеви со индустриски култури. Најмал дел, ваков вид на субвенционирање, ќе добијат стопанствата или земјоделците со полјоделските култури, кои ги следуваат 12 литри или 750 денари по хектар, истакна Каранфиловски.
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која им ги врачи картичките на земјоделците изјави дека помошта е од огромна важност за земјоделците.
– Во нашиот крај, заедно со соседната општина ќе бидат опфатени 1.200 земјоделци. Предвидениот буџет на ниво на држава е 200 милиони денари. Земјоделците од каменичкиот и делчевскиот регион, заедно имаат на располагање 2,4 милиони денари за оваа намена, што ќе значи поекономично производство и намалување на трошоците на земјоделците, рече Стаменкова.
Претходно, картички за зелена нафта беа распределни и на земјоделците од општините Делчево и Берово.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа