Чудо во Полска: Се породила жена мртва 55 дена!
Официјални лица од Полска соопштија дека жена која е мртва 55 дена се породила и дека на свет донела здраво дете. Докторите во Ворсклав ја одржавале жената во живот 55 дена за да бебето доволно порасне, додека таа била во мозочна смрт.
Мајката (41) била примена во болница, кога била во седумнаеста недела од бременоста, со неизлечлив тумор на мозокот, а апаратите кој ја одржувале во живот биле изгасени неколку часа по породувањето.
Бебето поминало три месеци на интезивна нега пред да биде одобрено да се однесе дома.
- Детето е родено на почетокот на годината, во 26 недела од бременоста. Беше тешко 1.000 грама. По три месеци нега неговата здраствена состојба одговара на предвремено родено дете, и нема компликации. Го однесоа дома со три килограми, изјави Барбара Кролак, шефица на одделението во болницата.
- Целото семејство сакаше да го спасиме бебето, додала таа.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o