Чудо: Бебе при царскиот рез само излезе од стомакот на мајката

Видеото кое покажува породување со царски рез буквално ја маѓепса интернет заедница, за што потврдува и податокот дека го видеа неколку милиони луѓе. Причина? Роден е мал, а сепак голем борец!
Фактот што се повеќе трудници во светот бираат природно породување е навистина ветувачко. Меѓутоа новиот тренд на породување во светот сега им овозможува на мајките кои ќе се породат со царски рез, тоа да го направат на најдобар природен начин/
Лекарите сметаат дека доаѓањето на бебињата на свет така е помалку стресно и полесно се поврзуваат мајката и бебето.
Всушност, еден таков настан е забележан со камера, а главната ѕвезда е тукушто родена, и покажува дека бебеињата навистина се најголеми борци.
-Пријателката вчера имаше царски рез. Локалната болница не сакаше да ги исполни нејзините услови, па затоа мораше да оди во друга, каде најде консултант полн со поддршка, кој се сложи со сите нејзини желби, но и го сними раѓањето за да другите да им ги покаже позитивните работи околу ваквото породување. Посебно ми се допадна делот каде се гледа како бебето само излегува од матката. Мајката рекла дека дури чекале папочната врвца сама да престане да пулсира и дури тогаш ја пресекле. Мене ова ми покажува дека не е работата во тоа како е бебето родено, туку колку луѓето одговорни за нејзиното раѓање ја почитуваат и поддржуваат мајката, како и дека ова е еден прекрасен начин да се дојде на свет. Мајката ми дозволи да го споделам ова видео, за и другите жени да можат да размислат за ова прекрасно искуство, напиша Софи Месаџер, советник за породување и помошна акушерка.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
