Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата
Човекот, кој беше во автомобилот што експлодира пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас извршил самоубиство пукајќи си во главата пред експлозијата, соопштија претставници на американската полиција.
Метју Ливелсбергер (37) од Колорадо, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој бил распореден двапати во Авганистан и веројатно планирал да направи најголема можна штета, сметаат експертите кои наведуваат дека челичната каросерија на возилото амортизирала голем дел од силата на иницијалната експлозија.
Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмехил на прес-конференција изјави дека кај ногата на човекот на возачкото седиште бил пронајден пиштол.
„Меѓу јагленосаните предмети пронајдени во возилото имало и огнено оружје, голем број пиротехнички средства, пасош, воена карта, кредитни картички, ајфон и паметен часовник“, рече Мекмехил.
Кени Купер, специјален агент во американското Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви, рече дека нивото на софистицираност на овој напад не е она што би се очекувало „од поединец со ваков вид воено искуство“.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани